Испечати

Деликатна пита со спанаќ

Деликатна пита со спанаќ

Состојки

  • 800 гр брашно
  • 300 мл млака вода
  • 600 гр исчистен спанаќ
  • 350 гр сирење
  • 120 гр путер
  • 1 јајце
  • 1 коцка квасец
  • 1/2 лажица шеќер
  • по потреба масло
  • по потреба сол и црн пипер

Подготовка

1. Квасецот го рониме и го додаваме во садот со посоленото брашно. Ги додаваме шеќерот и 100 мл масло. Ја додаваме водата и замесуваме тесто и оставаме на топло да го стасува.
2. Во зовриена вода го обаруваме спанаќот и го цедиме во цедалка. Ситно го сецкаме и го ставаме во длабок сад и го додаваме сирењето и го гмечиме со алатка за пире. Посолуваме и наросуваме пипер и убаво го промешуваме.
3. На набрашнета маса го размесуваме стасаното тесто и со сукалка развлекуваме кора. Со чаша вадиме кругови и на секој круг нанесуваме фил. Соединуваме по два краја на филуваните кругови и формираме чамчиња. Во круг ги редиме чамчињата во тркалезна тава обложена со хартија намрсена со 40 г путер.
4. Жолчката од јајцето ја матиме со вилушка, додаваме 2 лажици масло и промешуваме и ја премачкуваме питата. Преостанатиот путер го сецкаме на парчиња и го нанесуваме на питата.
5. Деликатната пита ја печеме во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.