Испечати

Принцес крофни

Принцес крофни

Состојки

  • за тесто(филџанот е од 115мл)
  • 4 филџани вода
  • 1 и пол филџан масло
  • 3 филџани брашно
  • 1 пециво
  • 5 јајца
  • за фил
  • 500мл млеко
  • 2 пудинзи од ванила
  • 200гр шекер
  • 200гр путер или маргарин
  • плус
  • 200гр чоколадо
  • 5 лажици масло

Подготовка

Рецептот за овие принцес крофни ми е од мајка ми. Секогаш успева, крофните се меки, воздушести и вкусни.
Се ставаат на оган водата, маслото и солта да зовријат. Откако ќе зовријат се тргаат на страна и се додава брашното. Се меша убаво додека не почне смесата да се одделува од ѕидовите од садот. Се остава да се излади малку и се додаваат јајцата едно по едно и пецивото матејки со маталките за тесто со миксерот да се добие убава смеса. Од смесата се става во шприц и на плех обложен со мрсна хартија се прават принцес крофните. Се ставаат во загреана рерна на 190степени околу 20-25мин, но не да се отвара рерната дури се печат.
Филот
Двата пудинзи се мешаат со 100мл млеко и 2 лажици шеќер, а настрана на оган се става преостанатото млеко да зовире и останатиот шеќер. Откако ќе зоврие млекото, се додаваат пудинзите и се вари густ пудинг. Откако ќе се излади се додава 200гр предходно изматен маргарин. Испечените принцес крофни со помош на шприц или се засекуваат на средина и се полнат од филот. Одозгора се украсуваат со стопено чоколадо со масло.
Од оваа смеса излегуваат околу 80 мини принцес крофни.