Испечати

Сочен гулаш во рерна

Сочен гулаш во рерна

Состојки

  • 500 гр. јунешко или телешко месо
  • 150 гр. свежи шампињони
  • 1 црвена пиперка (околу 200 гр.)
  • 500 гр. компир
  • 1 морков
  • 60 гр. панцета
  • 1 кеса Фант за гулаш и паприкаш
  • 700 мл вода
  • 2 лажици зејтин
  • 100 мл. бело вино
  • малку бибер и магдонос

Подготовка

Малку поинаков гулаш. 
- Исецкајте го месото, компирот, морковот и пиперката на коцки.
- Исецкајте шампињоните на листови.
- Во касерола ставете 700 мл. вода, додадете ја содржината од кесата Фант за гулаш и паприкаш и нека проврие.
- На дното од помал огноотпорен сад ставете половина од панцетата, над неа половина од компирот пиперките и морковот, врз нив ставете еден дел од месото и шампињоните. Повторете ја постапката уште еднаш.
- Веќе зовриениот фант излијте го врз содржината за спреманиот гулаш, додадете 2 лажици масло, малку бибер и ставете да се крчка во рерна на 200 степени околу 60 мин. Извадете го садот за кратко, залијте со виното, вратете назад во рерната за да се крчка уште околу 30 мин. како би се споиле сега сите вкусови откако сме го дадале винот.
- Извадете, посипете со сецкан магдонот и уживајте.
Нека ви е слатко!
Напомена
Доколку овој гулаш го спремате со телешко месо тогаш постапката околу неговото варење е пократка бидејки телешкото месо побргу се вари.