Испечати

Оризови нудли со крцкав додаток

Оризови нудли со крцкав додаток

Состојки

  • 100 гр. оризови нудли
  • 1 морков
  • 1 мала главица кромид
  • 1 зелена пиперка
  • 1 црвена пиперка
  • По желба луто пиперче
  • 300 гр. зелка
  • 300-350 гр. свинско месо
  • 5 гр. сусам
  • 1 голема лажица нишесте
  • 5-6 големи лажици темен соев сос
  • По потреба сол, црн бибер,
  • 1 јајце

Подготовка

1/5 од нудлите се тргнува на страна, а другите се преливаат со врела вода и се оставаат додека се готови (5-7 минти), потоа се вадат од топлата вода и се измиваат со студена и се оставаат на страна.
Подготовка на месото и зеленчиците - месото се сечи на мали парченца, морковите и пиперките се сечат на ,,стапчиња,, со должина 3-4 цм, кромидот се сечи на полукругови, а зелката се сечи како за салата.
Во вок или во некое друго тавче се става масло и се става свинското месо да се пропржи, откако ќе се испржи месото се тргнува настрана, а во тавчето се додаваат морковите се запрживаат за 1 минута, им се додаваат пиперките по 1 минута се додава кромидот, по 1-2 минути зелката и сусамот, се пржи уште 1-2 минути. Потоа зеленчуците се тргнуваат на една страна во другата се додава јајцето се изпржува и се промешува со останатите зеленчуци. Сега се додава изпрженото месо, нишестето и се промешува убаво и на крај се додава соевиот сос и малку вода и се остава 1 минута при постојано мешање (треба да има малку сос). Во вака подготвените зеленчуци и месо се додаваат нудлите.
Во едно тавче се става масло или се загрева масло во фритеза и 1/5 од нудлите што се тргнати на страна се ставаат во врелото масло за неколку секунди ќе станат крцкави.
Рецептот е за 2 лица.