Испечати

Пудинг од стар леб

Пудинг од стар леб

Состојки

  • 8 парчиња леб за тост на 2-3 дена
  • 50 гр. путер
  • 40-50 гр. суво грозје
  • 3-4 големи лажици џем од кајсии или праски
  • 3 јајца
  • 100 гр. шеќер
  • 2 ванили
  • 600-650 мл. млеко

Подготовка

Еден прекрасен начин како да се искористи стариот леб.
Парчињата леб се мачкаат со путерот и џемот се сечи на четвртини или на помали парченца, во еден сад се ставаат јајцата, шеќерот, ванилата и се разматува за малку, потоа се додава малку затопленото млеко. Откако ќе се заврши со подготовката, се намачкува тавичката со путер, се става лебот, се додава сувото грозје и се прелива со смесата од млеко и јајца. Така подготвен пудингот се става да се печи во рерна на 180 степени за 20-25 минути.