Испечати

Купусари - солено пециво

Купусари - солено пециво

Состојки

  • Тесто
  • 1-1,3 кг. брашно
  • 400 мл. млеко
  • 100-150 гр. кисело млеко
  • 100 мл. масло
  • 1 јајце и 1 белка
  • 1 мала лажичка сода
  • 2/3 квасец коцка
  • 1 голема лажица шеќер
  • 1 голема лажица сол
  • Додатоци
  • 300-350 гр. сирење, изварка,
  • 50-70 гр. путер
  • 1 жолчка
  • 6-7 големи лажици млеко
  • 20 гр. сусам

Подготовка

Во длабок сад се става затопленото млеко се додава шеќерот, квасецот и една лажица од брашното и се остава да се активира квасецот. По 5-10 минути се додава киселото млеко, солта, содата, јајцето и белката, маслото и постепено се додава брашното да се формира тесто кое што нема да лепи по прстите, тестото се остава на топло за 40-50 минути или додека се удвои.
Потоа тестото се поставува на набрашнета површина се разделува на две и од секоја кора се расукува правоаголна форма.
Путерот се растопува му се додава млекото и разматената жолчка, сето се соединува и со 1/4 се премачкува кората, а другите 3/4 се оставаат за другата кора и за премачкување на ролатите. Врз кората се додава полнежот и се завиткува во ролат, се премачкува со смесата со путерот и се поросува со сусам. Потоа од ролатите со нож се сечат триаголници, така подготвени се ставаат во рерна и се печат 25-30 минути или додека не поруменат на 180-200 степени.