Салата зимница

Состојки
- 1 кг црвени пиперки
 - ½ кг моркови
 - ½ кг краставички
 - ½ кг карфиол
 - ½ кг зелка
 - 9 лажици шеќер
 - 3 лажици сол
 - 330 мл алкохолен оцет
 - 200 мл масло
 
Подготовка
1. Пиперките ги сечиме на кругови ги ставаме во тенџере, ги потураме со шеќерот и солта. Оставаме така да стојат 3-4 часа и повремено мешаме.
 2. Потоа пиперките ги вадиме и ги ставме во друг сад и во него ги додаваме морковите и краставичките кои претходно сме ги исекле на кругови, исецкана зелка и карфиолот поделен на повеќе цветови.
 3. Во течноста која остана во садот во кој беа пиреките ги додаваме маслото и оцетот, го ставме на оган на проврие 1-2 минути и со течноста го потураме зеленчукот, промешуваме, го покриваме и оставаме да стои 24 часа со повремено промешување.
 4. Откако ќе отстои зеленчукот го собираме во тегли.