Браунис со крем од слатка павлака и нутела
Состојки
- 4 јајца
- 150гр. шеќер
- 250гр. чоколада за готвење
- 200гр. путер
- 200гр. сецкани ореви
- 50гр. какао
- 120гр. брашно
- крем
- 200мл. слатка павлака
- 4 лажици нутела или обичен крем
Подготовка
Омилениот колач на мојата помала ќерка, направен со нејзина помош, а иде вака...
Подготовка.
Јајцата ги матиме заедно со шеќерот.
Во сад за матење на пареа ја растопуваме чоколадата заедно со путерот и оваа смеса ја сипуваме во матените јајца.
Брашното и какато ги просејуваме и ги додаваме во смесата со јајца заедно со сецканите ореви мешајќи со штаула додека сите состојки не ни се соединат.
Рерната ја вклучуваме на 200степени да се загрее. Смесата ја сипуваме во малата ростер тава обложена со хартија за печење и печеме десет минути на 200степени потоа температурата ја намалуваме на 180степени уште дваесетина мин.
Колачот го оставаме убаво да се излади, во меѓувреме ја матиме слатката павлака. На крај во неа ги додаваме четирите лажици нутела и полека матиме.
Врз секој колач ставаме по една голема лажица од филот.
Добар апетит!!!