Срце во срце торта
Состојки
- за едно тесто (се печат три)
- 5 јајца
- 150гр. шеќер
- 50мл. масло
- 100гр. мелени ореви
- 1/2 прашок за пециво
- фил
- 1л. млеко
- 4 чоколадни пудинга
- 100гр. чоколада за готвење
- 50гр. какао
- 300гр. шеќер
- 500мл. слатка павлака
- 4 шлаг креми
- 500мл. млеко за шлагот
- прехрамбени бои за декорација
Подготовка
Најмила...ова е торта која ја посака и по твоја замисла мама само за тебе ја подготви. Среќен роденден моја Анастасија!!!
Подготовка.
Се подготвуваат три теста во калап за срце.
Тесто.
Белките ги оделуваме од жолчките. На почеток ги матиме само белките постепено го додаваме шеќерот да добиеме цврст крем. Миксерот го исклучуваме во белките ги додаваме зејтинот, мелените ореви, пецивото, брашното и жолчките матиме со штатула додека не добиеме компактна смеса.
Тестото го печеме на 180степени од дваесет до триесет минути.
Вака ги подготвуваме сите три кори, секоја кора ја сечеме на половина и од трите кори добиваме шест теста,по три за едно срце.
Фил.
Пудингот се раствора со малку млеко и шеќер. Останатото млеко, шеќер, чоколада се ставаат да зовријат. Откако ќе зовријат се додава пудингот и на среден оган се меша додека се згусти. Се остава покриен да се олади.
Слатката павлака ја матиме и ја додаваме во изладениот пудинг. Доколку сакате по чоколаден вкус додадете си какао јас додадов околу 50гр.
Трите кори ги засекуваме во левата страна на срцето колку да се вклопат во другото срце. За да се добие посакуваниот изглед срце во срце.
Тортата ја филуваме и на крај ја премачкуваме со тенок слој од филот.
Матиме шлаг пена додаваме посакувани бои и декорираме по желба.
Мојата ја филував онака како што посака мојата славеничка.
Добар апетит!!!