Ржани пирошки
Состојки
- Тесто
- 600 гр. ржано брашно
- 300 мл. млако млеко
- 100 мл. млака вода
- 50 гр. топено кравјо масло (може и путер)
- 7 гр. сув квасец
- 1 лажица мед
- 1,5 лажици хималајска сол
- Фил
- 100 гр. суџук (ситно сецкан)
- 300 гр. козји кашкавал
- За премачкување
- 1 жолчка
Подготовка
Прекрасни ржани пирошки кои вреди да се направат и пробаат. Многу се вкусни, не се тешки на стомак, а заситуваат.....и поздрави, за разлика од белото брашно.....).
Пецивата од ржано брашно не ретко излегуваат тврди, па ова брашно се коминира со бело брашно. Но, верувајте, овие пирошки се доволно меки. Јас и во фрижидер ги чувам и воопшто не ја губат мекоста.
1. Од брашното, водата, млекото, квасецот, маслото, медот и солта се замесува глатко тесто. Пожелно е да се меси со миксер со спиралните маталки до 5 мин. Состојките се точно дадени, така што не е потребно ништо да се менува. Ќе се добие фино, средно меко тесто.
2. Тестото се остава да отстои околу 2 часа да го дуплира волуменот. Што подолго одмара, тестото ќе биде помеко.
3. Одкога ќе стаса, тестото се префрла на добро набрашнета работна површина и се дели на дела. Од секој дел се расукува правоаголна кора со дебелина како за кифлици (значи не премногу тенка). Секоја кора со нож се дели на 6-8 правоаголника.
4. Секој правоаголник се филува прво со доматно пире, парче кашкавал, се наросува со сецкан суџук и на крај со чубрика. Се витка како пирошка, прво попречните краеви се виткаат навнатре, па надолжно се витка на два пати.
5. Пирошките се премачкуваат со разматена жолчка во која претходно сме додале малку млеко, маслиново масло и сол и се печат на плех врз хартија за печење во добро загреана рерна на 200⁰Ц.
Испечените пирошки се покриваат со кујнска крпа додека да се оладат.
Пријатен апетит