Лепеза компир (може и посно)
Состојки
- 4 средни компири
- по потреба тенко исечени парчиња сланина или свински врат
- по потреба тенко исечени парчиња кашкавал
- сол , бибер, сув босилек и зачини по желба
- За посно може да наполните со тенко сецкани:
- домати, моркови, пиперки, бамји...
Подготовка
Едноставен, брз и многу вкусен рецепт.
Компирите излупете ги. Од долната страна израмнете ги за да може да стојат убаво без да се превртуваат. Можете да го направите тоа со нож или со алатката за лупење.
Со остар нож направете засеци на компирот (како на сликата), но засеците да не бидат до дното на компирот. Треба да останат засеците поврзани на дното. Дебелината на засеците одредете ја сами. Колку потенки, толку повкусен ќе биде испечен.
Во секој засек ставете парче сувомеснато и парченце кашкавал. Во тавчето ставете малку вода, да се покрие дното. Можете да додадете масло и ли малку путер за шмек. Посолете и ставете ги да се печат во рерна на 200 степени окулу 30-40 мин. Во зависност од рерната и компирот ќе ги проверувате кога се готови.
Можете на почеток да ги печете покриени, а подоцна да ги отркиете да фатат коричка. Исто така можете кашкавалот да не го ставате во засеците, туку да го ставите преку целата лепеза пред да завршите со печење колку да се растопи. Јас не го ставив преку цела лепеза за да може поубаво да се види пресекот.
Кога ќе бида готови, наросете сушен босилек или зачин по ваша желба и сервирајте ги топли.
Сме ги приготвувале неколку пати. Највкусни ни се со свински врат или сланина бидејки компирите се најчесто посуви, а од вратот и сланината попримаат убава маснотија. Кашкавалот најчесто се топи и излева од лепезата, ама кога се сервира може да се додаде во чинијата или над самиот компир.
Пријатно јадење :)