Пралини со кокос
Состојки
- 260мл. слатка павлака
- 200гр. бело чоколадо за готвење
- 100гр. кокос
- 200-250гр. ситно сецкано желе бомбони
- 200-300гр. бело чоколадо за чоколадирање
- 4-6 лажици масло
Подготовка
Слатката павлака и белото чоколадо се топат на тивок оган (до точка на вриење) додека се соединат и се добие еднолична смеса, со постојано мешање.
Потоа во жешко се додава кокосот.
А, штом излади смесата се додаваат желе бомбоните.
Се полнат претходно два пати премачкани силиконските калапи со растопеното бело чоколадо, од смесата, се затвораат пак со чоколадо, премачкувајќи со школско четче за боење..
Може да се направи и комбинација со црно чоколадо.
Тоа најпрво се нанесува, се става во длабоко замрзнување да се здрви, па се премачкуваат со бело чоколадо, повторно на ладење, па се полнат со смеса и затвораат со чоколадо. Се ставаат во фрижидер убаво да се изладат-здрват и потоа лесно се вадат од силиконот.
Чоколадото за чоколадирање се топи над пареа со маслото. Колку масло ќе ставите зависи од квалитетот на чоколадото, обично одат 2-3 лажици, водејќи сметка да не биде многу течно.