Испечати

Свечен солен ролат

Свечен солен ролат

Состојки

  • 7-8 листови готови кори
  • фил за премачкување на корите
  • 3 јајца
  • 50мл масло
  • 1/2 лажиче сол
  • 200гр кисела павлака
  • 300гр рендано сирење
  • 1 лажиче пециво
  • фил за премачкување на испечените кори- тесто
  • 200гр кисела павлака
  • 200гр урда или сирење
  • 130гр сецкана шунка
  • 10 листови шунка - тенки

Подготовка

Еве уште еден убав солен ролат од мојата кујна.
Нас и на нашите гости многу ни се допадна.

Во еден сад се соединуваат јајцата, солта, киселата павлака, сирењето, маслото, пецивото.
Убаво сето се промешува со вилушка да се соедини.
Сега во ростер голема тава се става еден лист кора.
Се премачкува со полни 2-3 лажици од филот.
Врз него се става втора кора, пак се ставаат 2-3 лажици фил.
Постапете така се додека не ги потрошите корите и филот.
Ако се многу дебели корите користете 6-7, ако се потенки 7-8.
Најгоре се премачкува тенко со остаток од филот и се посипува со сусам.
Се печи околу 30 минути на 200 степени.
Се остава убаво да се излади или може се додека е топол да се завитка во крпа и така да се олади. Изборот е ваш.
За тоа време се приготвува филот за полнење.
Се соединуваат сецканата шунка, павлака и урда.
Горната површина на печената кора ставете ја одоздола.
Изладеното тесто се премачкува со половина од филот, врз него се редат тенки кругови шунка, па и тие се премачкуваат со фил.
Убаво се завиткува ролат и се стега со алуминиумска фолија.
Се остава во фриждер 2-3 часа.
Одозгора се премачкува со 1-2 лажици фил кои претходно сме ги оставиле.
Се декорира по желба и се сече на парчиња за сервирање.
Уживајте во преубавиот вкус.