Пита со спанаќ за двајца
Состојки
- 250гр готови кори за гибаница
- фил
- 2 јајца
- 1/2 лажиче сол
- 150гр урда или сирење
- 250гр бланширан сецкан спанаќ
- 50мл јогурт
- 70мл кисела павлака
- 60мл масло
- 2 лажици гриз
- 3 лажици брашно
- 1/2 лажиче пециво
Подготовка
Во еден сад се соединуваат јајцата и солта и се матат со вилушка.
Постепено се додаваат течните состојки, па спанаќот, сирењето, брашното, гризот, пецивото.
Убаво сето се соединува.
Се добива многу убав кремаст фил.
На дното на мала ростер тава се става еден лист кора, се попрскува со 1-2 лажици од филот.
Повторно се става кора, фил и така се додека да се истрошат состојките.
Се сече на парчиња и се печи 25 минути на 200 степени.
Се сервира со јогурт.
Многу брза, мека, вкусна пита.