Испечати

Куглоф медено срце

Куглоф медено срце

Состојки

  • 4 јајца
  • 15 лажици шеќер
  • 15 лажици зејтин
  • 13 лажици млеко
  • 1 прашак за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 лажичка мелено каранфилче
  • 1 тегла копмот од вишни (треба да има околу 450мл сок од компотот)
  • 1 пудинг од ванила
  • 100 гр чоколадо за готвење

Подготовка

На почеток се чистат вишните од семки и се ставаат во цедалка да се исцеди течноста од нив. Сокот од вишни го чуваме 40мл за во пандишпанот и остатокот 400 мл за овошниот фил.

Подготовка на пандишпан
Се матат 4 јајца со шеќерот и ванилиниот шеќер. Се додава млекото, зејтинот, брашното, пецивото, каранфилчето и околу 40мл сок од компотот и се мати се заедно со миксер, Калапот се намрсува со путер, се става смесата и одозгора се редат исцедените и исчистени вишни. Малку се настиснуваат за да има подеднакнво насекаде, да не останат само на долниот дел. Се пече во претходно загреана рерна, на 200 степени околу 25-30 мин.

Кога ќе се испече колачот оставаме малку да се олади, па го превртуваме на голема чинија. Со конец го сечеме на средина на два еднакви дела.

Подготовка на овошниот фил
Сокот од вишни го ставаме на оган да зоврие. Од него одвојуваме малку колку да го измешаме прашакот пудинг од ванила. Кога ќе зоврие сокот го додаваме разредениот пудинг и мешаме 1 мин додека да се густи.

Од исечениот пандишпан го вадиме горниот дел и долниот дел го филуваме полека со топлиот фил од вишни. Полека посипуваме со лажица рамномерно насекаде. Во ред е ако истекува по краевите, така поубаво ќе изгледа на крајот. Горниот пандишпан од внатрешна страна го премачкуваме во потенок слој и можете со шприц малку да вбризгате во пандишпанот ако сакате (јас направив така). Ќе остане од филот, а тој ќе го употребиме за на крај да го прелиеме целиот колач. Бидејќи филот е поредок кога е топол за да не ни се разлее кога ке го преклопиме колачот, ќе почекаме малку да се олади и зацврсти. Кога ке се зацврсти малку, го преклопуваме колачот и одозгора го прелеваме целиот со остатокот од овошниот фил. Го оставаме во фрижидер пола час убаво да се зацврсти и залепи горниот и долниот дел, за да не ни се распане на сечење.

Во меѓувреме, топиме во микробранова 100 гр чоколадо за готвење со малку зејтин. Го прелеваме колачот одозгора со стопеното чоколадо, декорираме по желба (јас ставив чоколадни криспи во неколку бои). Ставаме во фрижидер 30-40 мин пред сервирање.

Добар апетит