Вински свински гулаш со карамелизиран кромид
Состојки
- 120мл масло ( или пола маст, пола масло)
- 1кгр сецкан кромид
- 1кгр свинско месо
- 2 моркови
- 1 лажица шеќер
- 1 лажиче сол
- 1 лажица црвен пипер
- 2 црвени домати
- 100 мл црно вино
- 2 ловорови листа
- 1 пакување ФАНТ за гулаш
- вода, зачин по потреба, бибер
Подготовка
Совршен ручек. Топло ви го препорачувам да го пробате.
Прво во касерола се става маслото да се загрее, па се додава ситно сецканиот кромид.
Се пржи на тивко, со повремено промешување се додека кромидот не добие убава златна боја. Потоа се додава ренданиот морков и се пржи уште 10 минути.
Сега се додава шеќерот, убаво се промешува да се фати секое парченце во касеролата и нека пржи 3-5 минути.
Значи ова до овде спремање трае околу 30-40 минути.
Само трпеливост и ќе имате совршен ручек.
Сега се додава сецканото свинско месо и нека крчка на тивко.
Во меѓувреме се додава сол, ловоров лист. Се додаваат и излупените сецкани домати.
Кога останало месото на маслото се додава црвен пипер и убаво се промешува.
Сега содржината од фант кесичката се раствора во отприлика 600 мл вода и се става кај месото. По потреба се додава вода.
Се додава и црвеното вино, се зачинува по вкус и нека крчка на тивко 2 часа со постојано промешување. Ние го сакаме со повеќе црн пипер, а вие ставете по вкус.
Готовиот гулаш сервирајте го самостојно, со кнедли, со шпагети и чаша добро црно вино.