Тараненик
Состојки
- 2 грста домашно сучени кори
- 3 раце домашна тарана
- 2-3 лажици масло
- 150гр дробено сирење
- 2 јајца
- 350мл вода
- 350мл млеко
- 1/2лажиче сол
Подготовка
Овој тараненик одлично поминува кај нас за појадок во студените денови.
Во земјена тава се става еден грст домашни кори. Малку се попрскува со масло.
Врз нив се става една рака тарана.
Врз тоа се става пак еден грст кори, повторно се попрскува со масло.
Се става пак една рака тарана и се покрива со кори.
Се попрскува со масло и се остава во загреана рерна на 200 степени малку да се потпечат горните кори.
За тоа време во еден сад се соединуваат млекото, водата, солта, дробеното сирење, јајцата.
Се вади земјената тава од рерна, се прелива со спремениот прелив (значи битно е да се покријаат) и се става во рерна да се печи околу 20 минути, односно се додека не испари течноста.
На здравје
Секако дека состојките може да ги прилагодите според потребите на вашето семејство.