Испечати

Видео рецепт: Домашни Орео колачи

Видео рецепт: Домашни Орео колачи

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 200 гр. путер
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 50 гр. какао
  • 280 гр. брашно
  • 1 жолчка
  • 2 лажички ванила арома
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • 150 гр. путер
  • 150 гр. шеќер во прав
  • ванила арома

Фичо ќе направи еден од најпопуларните рецепти на Катерина Наскова, домашна верзија на Орео колачиња.

Подготовка

Чекор 1: Во сад за матење исецкајте го путерот на коцки. Додадете го шеќерот во прав, ванила арома, малку сол и жолчка од едно јајце. Со миксер изматете ги сите состојки.

Чекор 2: Во друг сад измешајте ги брашното и какаото и со сеалка додадете ги во миксерот. Домесете ја смесата со раце. Тестото кое ќе го добиете не треба да се лепи за дланките. Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер околу 30 минути.

Чекор 3: Од тестото развлечете тенка кора од која ќе вадите колачиња. Користете округла форма или чашка за ракија.

Чекор 4: Редете ги колачињата во Ростер тавата. Печете на 200 степени околу 10 минути. Испечените колачиња оставете ги на страна да се изладат.

Чекор 5: За филот во сад за матење ставете го путерот, малку ванила арома и шеќер во прав. Изматете убаво да се соединат и да се добие еднолична смеса. Филувајте ги колачите.

Чекор 6: Оставете да се стегне филот и сервирајте!

СОВЕТ: Во филот може да додадете стопено чоколадо, бело или црно, по желба.