Салата Подарок
Состојки
- 5 компири
- 300 г кокошка
- 1 цвекло
- 2 моркови
- 4 јајца
- 250 гр мајонез
- по вкус сол
- За украс
- неколку зрнца конзервиран грашок
- 300 гр бело грозје
- 1 морков
Подготовка
1. Кокошката ја вариме и ја сецкаме на ситни парчиња.
2. Компирите, морковите, цвеклото ги вариме и посебно ги рендаме. Еден морков го оставаме за украс.
3. Јајцата ги вариме и белките ги рендаме посебно, а жолчките ги рендаме на најситното ренде.
4. Салатата ја редиме на таков начин - пола изрендани компири + слој мајонез + половина од кокошката + слој мајонез + цвеклото+ слој мајонез+ морковите + слој мајонез+ белките од јајца+ слој мајонез+ половината од кокошка + слој мајонез+ останатите компири + слој мајонез+ на крај се додаваат жолчките.
5.Салатата ја украсуваме со претходно на половина исецкани грозје на страните на салата. Одозгора ја правиме панделка од грашокот и морковот.