Испечати

Домашни пишкоти

Домашни пишкоти

Состојки

  • 1 јајце
  • 30 гр. шеќер во прав
  • 30 гр. брашно
  • Дополнително
  • 30-50 гр. шеќер во прав

Подготовка

Брзи и лесни за подготовка домашни пишкоти.
Белката се одделува од жолчката и се мати со половина од шеќерот во прав на снег, а жолчката со останатата половина од шеќерот се мати додека ја промени бојата. Потоа белката се додава на жолчката на 2-3 пати и се промешува внимателно со лажица (не со миксер за да се задржи возможно најмногу воздух во смесата). Потоа се додава брашното кое што претходно се пресејува и повторно внимателно се промешува. Подготвената смеса се става во шприц со кружен накрајник и се формираат пишкотите и така подготвени се поросуваат со дополнителниот шеќер во прав и се печат на 150 степени за 7-8 минути.