Чоколаден кекс во куглоф
Состојки
- 170гр. путер
- 100гр. црно чоколадо за готвење
- 250гр. брашно
- 1 пециво
- 100гр. шеќер во прав
- 3 јајца
- 100мл. јогурт
Подготовка
Најнапред се топи путерот и чоколадото и се осатва да се излади, да биде млако.
Просеаното брашно се промешува со пецивото.
Јајцата се матат со шеќерот, им се додава јогуртот, одстоен на собна температура.
Потоа им се додава смесата од путер и чоколадо, па на крај брашното и пецивото.
Модлата за куглоф се намрсува и се излева смесата за кекс.
Можи да се додадат и парченца бело чоколадо.
Се става да се печи во загреана рерна ( 5 мин. на 200) на 200 околу 30 мин..
По потреба се покрива со алу фолија.
Пред послужување се наросува со шеќер во прав.
На здравје!