Јачменов леб
Состојки
- 100 гр бело брашно
- 600 гр црно брашно тип 950
- 500 гр јачменово брашно
- 15 гр сув квасец
- 5 лажици маслиново масло
- 1 лажица сол
- 650-700 мл млака вода
Подготовка
Од сите состојки замесуваме средно меко тесто и го оставаме да стаса да се дуплира.
Откако ќе стаса го размесуваме, го делиме на шест топки кои ги ставаме во набрашнето тавче.
Ја вклучуваме рерната на 250 степени без вентилатор и додека да загрее го стасуваме лебчето покриено со крпа.
Печеме додека да порумени, околу 15-20 минути.