Печени пица панцероти
Состојки
- За тесто
- 1 кг брашно
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 250 мл јогурт
- 250 мл млака вода
- 2 шољи масло
- 1 жолчка
- 20 гр сув квасец
- За фил
- 100 гр шунка или салама
- 100 гр кашкавал или сирење
- 3 лажици ајвар или кечап
- неколку свежи печурки шампињони
- За премачкување
- 1 јајце
Подготовка
Многу меки и вкусни, обично ги правам за вечера или доручек, по рецепт на мојата мајка, на која подготовката на тесто и е врвна кулинарска вештина, просто велемајстор за тесто.
Подготовка
1.Се замесува тестото со млака вода и се остава да стаса.
2. Состојките за фил се рендаат, сечкаат и се соединуваат.
3. Се размесува, се расукува со дебелина од 5-8 мм, се вадат кругови со модла или чаша. На секој круг се става од филот, по една лажичка, се преклопува и се стиска полукругот со вилушка, за да се спои тестото.
4. Секоја панцерота се премачкува со јајце и се посипува со сусам. Се вклучува рерната на 200 степени со вентилатор и додека да се загрее стасуваат. Се печат околу 15 минути или додека да поцрвенат.
Забелешка
Панцеротиве ни беа пикантни зошто ги направив со лут ајвар, а вие правете си го филот по желба.