Испечати

Брз колач тикварник со ориз

Брз колач тикварник со ориз

Состојки

  • 1 кг. тиква
  • 150 гр. (околу 12 лажици) ориз
  • 5 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 600 мл. млеко
  • цимет, кокос (по потреба и вкус)

Подготовка

Ем колач, ем нешто како тикварник, ем брзо и лесно за подготовка е ова благце, како што јас преферирам.

1. Тиквата се чисти од кората и се ренда на крупната страна од рендето. Во округла тава бр. 26 се распоредува 1/2 од тиквата и со раце убаво се натапкува.

2. Врз неа рамномерно се распоредува претходно измиениот ориз, а потоа се става втората половина од ренданата тиква и пак убаво се натапкува со раце.

3. Одозгора се распоредува шеќерот и ванилиниот шеќер и на крај млекото се полева пополека и рамномерно.

4. Се става во загреана рерна на 200 степени и се пече 1 час. Се лади и се посипува со цимет кој го комплетира вкусот да биде доста примамлив.

Количината на 1 кг. тиква е соодветна за големината на тавата, сметајќи и на оризот кој ќе се свари.
Нас блажината ни беше таман бидејќи и тиквата беше благичка, а кој сака поблаго нека си додаде уште малку шеќер. Љубителите на поинтензивниот вкус на цимет, може да го стават и во печењето, а исто така може да се стави и кокос или некое оревче.
Ете толку, па пробајте!