Испечати

Тиквен леб

Тиквен леб

Состојки

  • 120 гр. стартер Tangzhong
  • 30 гр. маслац, путер или маргарин
  • 20 гр. мед
  • 1 средно поголемина јајце (околу 50 гр. сматено)
  • 200 гр. пире од тиква
  • 1/2 лажичка сол
  • 15 гр. млеко во прав
  • околу 370-400 гр. брашно

Подготовка

За стартерот зборував и во еден друг рецепт, за да биде појасно - погледнете таму. Секако дека поради грамажата ќе напишам и овде дел од постапката.
СТАРТЕР
- Во 50 мл. млеко и 50 мл. вода или пак во 100 мл. вода ставете 20 гр. брашно, разматете да нема грутчиња од брашното, ставете на оган и нека се вари додека не се види трага на дното.
ТЕСТО
- Откако сте го направиле стартерот, веднаш во него ставете го и путерот и медот, нека се стопат и спојат во една хомогена смеса. Потоа додадете го пирето од тиквата и со вилушка сматеното јајце.
- Во друг сад измешајте го брашното, солта и квасецот, додадете ја смесата со стартерот, замесете меко тесто. Оставете да стаса околу 1 час.
Откако стасало поделете го тестото на три дела. Формирајте мали ролатчиња така што еден дел од тестото ќе растегните, преклопете од левата и десната страна. Потоа делот од горната страна свртете го кон средината, преклопете со долниот дел. Од кај десната страна повторно развлечете мала кора, повторете ја постапката целосно, ставете во модлата која сте ја намрсниле со путер колку да не се залепи лебот. Така направете и со останатото тесто. Нека одмори околу 30 мин. Премачкајте ако сакате со жолчка, а и не мора. Ставете да се пече во веќе загреана рерна на 180 степени. Нека се печи околу 30 мин.
Би сакала да го погледнете претходно поставениот рецепт за Стартерот
Нека ви е слатко!