Слатки со тиква
Состојки
- 2 чаши брашно
- 2 јајца
- 1 чаша кафен шеќер
- 1/2 чаша масло
- 1 чаша пире од тиква
- 1, 1/2 лажичка пециво
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка цимет
- 1/4 лажичја мускатно оревче
- 1 ванила
- прстофат сол
Подготовка
Постапка
- Брашното се меша со зачините, пецивото, содата и солта. Со миксер сматете ги јајцата, додадете го маслото, пирето од тиквата и ванилата. Измешајте да добиете хомогена смеса. Со лажичка земајте од смесата и оформувајте ги слатките поставувајки ги на тавката оддалечени една од друга. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степена 8-9 минути. Извадете и оставете да се оладат.
- Ако сакате слепувајте ги со фил кои го обожавате, а може да поминат и така не филувани. Ти се меки, со пријатен вкус- ќе ве воодушеват.
- Јас на некои залепам со фил од крем сирење изматено со шеќер во прав, некогаш со изматен путер во кој додавам мармалад... тоа останува на вас... како сакате така.
- Чашата е од 240 мл.
- Лажичката која ја користев е од 10 гр. - можете да ги правите и помали, но не поголеми. За да ми се лесно вади тестото од лажичката (тестото е лепливо), при секое зацрпување од смесата,истата ја побрашнував - лесно е понатаму.