Десерт од тиква - Kabak Tatlisi
Состојки
- 1 кгр. исчистена тиква
- 500 гр. шеќер
Подготовка
Нема овде многу филозофија. Ова е Турски десерт од тиква, а некој со право си го нарекува Турски локум од тиква.
Исчистете ја тиквата, исечете на парчиња во големина и форма како сакате вие. Зависи каква тиква ќе користите и таа ќе ве води. Посипете со шеќер, нека одстои најмалку 6 часа, потоа ставете на сосема тивко да се вари додека омекне.
Послужете сосема оладено со ореви, залијте со сокот или шербетот од самата тиква, посипете со ореви, лешници или ф'стаци,
Ова е навистина брзинско супер благце.
Напомена
Јас ја ставам тиквата одвечер да одстои. Потребно е сосема да биде оладена за да не се распадне при служењето.
Уживајте.