Крцкави ѓевреци натопени во газиран сок
Состојки
- 500-550гр. брашно
- 1 јајце
- 1 лажичка сол
- 1 шеќер
- 250гр. млеко
- 1/2 свеж квасец(25гр)
- 1 чаша(200мл.)газиран сок
- 200гр. сусам
- по желба лен,ким...
- 50 гр путер
Подготовка
Преубави крцкави ѓевреци. Прв пат на овој начин ги подготвувам и сум презадоволна.
Подготовка.
1. Во пластичен сад за месење просејте го брашното, направете дупка на средина.
Квасецот подмесете го со малку млако млеко и една лажичка шеќер и оставете десетина минути да стаса. Сипете го квасецот на средина на брашното, на краевите сипете ја солта. Путерот ставете го во млакото млеко да се растопи и со постепено додавање во брашното замесете средно меко тесто додека не се одлепи од пласичниот сад. Во тестото додадете го и јајцето. Тестото оставете го да стаса еден час премачкано со масло покриено со стреч целофан и покриено со топло ќебенце.
2. Откако тестото ќе стаса кинете топки малку поголеми од орев. Нежно со прстите формирајте долга тенки ленти две или три,ги вртиме како да цедиме алишта. Во зависност колку ни се големи толку ѓевречиња правиме се завеси со која големина ги сакате. Тоа исто е и за формата не мора да биде округла може да си формирате и стапчиња, переци...
3. Во посебни тањирчиња ставете го сусамот и газираниот сок. Готовите ѓевречиња ги пуштаме во газиран сок па веднаш ги валкаме во сусам. Ѓевреците ги редиме во добро падмачкана делимано тава или плех од шпорет обложен со хартија. Печеме на 220 степени половина час додека не добијат убава златна боја. Готови печени не ги покривајте наредете ги едни врз други да останат крцкави.
Добар апетит!!!