Испечати

Пица од карфиол

Пица од карфиол

Состојки

  • Тесто
  • 1 главица карфиол
  • 3 чешниња лук
  • 2 јајца
  • 100 гр. изварка (посна урда)
  • Фил
  • 50 гр. моцарела
  • 1 домат или неколку шери

Подготовка

1. Карфиолот се кине на цветови и се обарува многу кратко. Потоа се измива со ладна вода, па се става во процесор да се изблендира.
2. Блендираниот карфиол се цеди преку газа со убаво стискање. Така исцедениот карфиол се префрла во сад.
3. Во садот со карфиол се додава сол, бибер, оригано, двете јајца, урдата, истолчениот лук и се заедно се меша со обична лажица додека убаво не се соединат состојките во глатко тесто.
4. Тестото од карфиол се префрла во тава за пица која претходно сме ја намрсиле со маслиново масло. Тестото со рака убаво се распоредува и натапкува.
5. Се пече во претходно загреана рерна на 180-200⁰С дваесеттина минути, односно додека не зарумени одозгора и не почне тестото да се одвојува по краевите.
6. Испеченото тесто се вади од рерна и се премачкува со доматен сос, кришки моцарела, домат и ливчиња босилок. Јас додадов и рендан козји кашкавал и печурки, но може по избор да се додаде сецкан кромид, пипериња и др.
7. Се враќа во рерна да се стопи филот уште 5 мин.

Пицата е многу вкусна, а пред се, многу здрава и доста заситува.