Испечати

Пита од тиква

Пита од тиква

Состојки

  • 80 гр путер (маргарин, маслац)
  • 120 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 125 гр кисело млеко или цврст јогурт
  • 400 гр пире од тиква
  • 180 гр брашно
  • 1 пакетче инстант квасец
  • 1 лажичка цимет
  • на врв на лажиче каранфилче
  • шеќер во прав за посипување

Подготовка

Изматете ги белките во сврст снег. Иматете го путерот со шеќерот. Додавајте ги жолчките 1 по 1 мајтејќи по 1 минута за секоја. Додадете го киселото млеко, тиквата, квасецот, циметот и каранфилчето и матете ги со намалена брзина на миксерот. На крај рачно вмешајте ги изматените белки.

Истурете ја смесата во подмачкано тавче и печете на 180 степени 50 минути, односно додека се створи цврста кора одозгора која нема да мрда при допир. Овде не важи правилото со проверка на чепкалка, бидејќи внатресноста на колачот е сочна.

Откако ќе подизлади посипете ја со шеќер во прав.

Можи да печите и во неколку помали модли, во поголема тава за пониска или пак во помала за повисока. Јас тука печев во калап 26, но одделното матење на белките го прескокнав и ги матев јајцата цели подолго време, што можеби и влијаеше на висината на питата, но не и на вкусот, кој по составот и добива некоја нота на Тикварник, но со друг шарм.