Испечати

Погачици со моцарела и чајна

Погачици со моцарела и чајна

Состојки

  • За тесто
  • 1.2 кг брашно
  • 20 гр сув квасец
  • 300 мл млеко
  • 300 мл вода
  • 120 гр свинска маст
  • 3 лажички шеќер
  • 4 лажички сол
  • За фил
  • 250 гр моцарела сирење
  • 100 гр чајна кобасица
  • За мачкање
  • 1 јајце
  • За посип
  • семе од кумин, сусам, ким или по вкус

Подготовка

За рецептот нема да ви пишувам ништо, мислам дека состојките и изгледот кажуваат се. Ама ова ми е можност јавно да и се заблагодарам на мојата драга пријателка Кате, стекната овде во Моирецепти, за прекрасниот подарок кој си го најде своето место во мојата кујна како и во оваа фотографија! Искрените пријателства стекнати овде се вистинска благодат за душата...

Подготовка
1. Квасецот со шеќерот и 1 лажичка брашно во шоља млака вода го оставаме 10 минути да се активира. Млекото и водата ги соединуваме и ги загреваме да ни бидат млаки.
2. Замесуваме тестото со сите состојки за тесто и додека ја сечкаме моцарелата и чајната го оставаме да одмори.
3. Го делиме на четири топчиња и секое го расукуваме и го сечеме на 8 триаголници. На секој триаголник ставаме по парче моцарела и парче чајна. Првиме засеци во тестото со нож за пица и ја формираме погачката, ја виткаме како кифла или само ја преклопуваме.
4. Ги премачкуваме со разматено јајце и ги посипуваме со семиња по желба. Ги оставаме да стасаат околу 20-30 минути, а за тоа време ја вклучуваме рерната на 200 степени.
5. Ги печеме околу 20 минути или додека да поцрвенат.