Домашна штрудла
Состојки
- 20гр свеж кавасец
- 1 јајце
- 1 жолчка
- 80гр шеќер
- 2 лажици растопена свинска маст
- 100мл кисела вода
- 170 мл топло млеко
- 1 ванила
- 1 кора од лимон
- 500гр бело брашно
- мармалад, брусница, суво грозје..........
- 1 белка за премачкување
Подготовка
Во топлото млеко се става шеќер, квасец и малку брашно.
Се промешува и нека се активира.
Постепено се додаваат останатите состојки и се замесува средно меко тесто.
Се покрива и нека кисни 30 минути.
Потоа се дели на 2 дела. Се сучи правоаголна кора.
Јас едната кора ја премачкав со мармалад од аронија и боровинка, а рецептот може да го најдите тука. Се завиткува во ролат.
Втората кора ја премачкав со мармалад од кајсии, ја посипав со суво грозје и брусница и ја завиткав во ролат.
Киснат 20 минути, па се премачкуваат со изматена белка и се печат околу 30 минути на 200 степени.
Миризливи, убави, одлични со какао, млеко, чај...