Испечати

Чаша здравје со НУТРИБУЛЕТ

Чаша здравје со НУТРИБУЛЕТ

Состојки

  • По потреба и желба
  • грозје , јаболко
  • лимета, лен и семки од тиква

Подготовка

Утрото нека ви започне со нешто многу убаво спремено во Нутрибулет.
Јас за добро утро секој ден имам прекрасен напиток, го пијам рано, се уште не разденето, па не успевам ни убава слика да направам.
Го консумирам во рок од 20 минути како не би оксидирал пијалокот.
Комбинации еден милион, изборот е ваш.
Кога се користи јаболко, круша се одстрануваат семките бидејќи содржат хемикалии кои кога се разградуваат ослободуваат цијанид во телото.
Но пак затоа семките од грозје се одлични за човековото здравје.
Начин на подготовка.
Потребни се само 10 секунди.
Измиеното грозје, излупената лимета и исчистеното јаболко ставете ги во Нутрибулет, додадете малку вода за полесно да се измиксаат, протресете 1 секунда и уживајте.
Често ставам семки од лен, а шеќер воопшто не ставам.
По потреба додадете си вода.
На здравје