Испечати

Боранија во тегли

Боранија во тегли

Состојки

  • 5 кг боранија
  • 12 лажици јадра сол
  • 6 литри вода
  • 14 тегли

Подготовка

Рецептот го правам по препорака на мојата приајтелка Весна.
Нејзината баба години наназад боранијата ја складирала на овој начин,затоа да ја пренесеме постапката на подготовка.
Боранијата се зема млада и крцкава.
Се мие убаво и се сечка на мали парченца.
Теглите убаво се мијат и се полнат со исецканата боранија.
Во сад на оган се зоврива пресолот.
Се става водата и солта и убаво се промешува додека не се стопи.
Нека зоврие 5минути, па попарете ги теглите со боранија.
Затворете веднаш со капачките и вакумирајте ги теглите.
За вакумирање секој има свој начин, јас го користев начинот да вакумирам во машината за садови.
Ги пуштив на највисоката температура од 70 степени, секако без капсула за машината и ги оставив да се вакумираат.
Откако заврши машината, ја оставив така до сабајле да си изладат теглите внатре.
Боранијата е спремна за да се складира на рафтовите во подрумот.
На здравје нека ви е.