Испечати

Лажен чизкејк со тиква

Лажен чизкејк со тиква

Состојки

  • За подлога
  • 300гр. бисквити по ваш вкус
  • 2 дл. вода
  • 120гр. шеќер во прав
  • 1 ванили
  • малку арома од лешник
  • 100гр. маргарин (путер)
  • За бел крем
  • 150мл. слатка павлака
  • 100гр. шеќер во прав
  • 200гр. кисела павлака
  • 10гр. желатин
  • За жолт крем
  • 1кг. тиква
  • 1 ванила
  • малку цимет
  • 100гр. шеќер во прав
  • 10гр. желатин
  • За глазура
  • 100гр. црно чоколадо за готвење
  • 50мл. слатка павлака

Подготовка

На оган се ставаат да зовријат водата со шеќерот, ванилата и маргаринот.Штом зовријат нека поварат 2-3 мин. на исклучена рингла.Со шербетов се полеваат претходно сомелените бисквити.Се додава аромата и се убаво се меша, изедначува.Смесата се расплескува во калап со откопчување со пречник од 26цм. или два помали како што користев јас.Страните можи да ги обложите со најлонска фолија, за подоцна полесно го одстраните обрачот од колачот.Оставете го настрана на ладно додека ги спремате кремовите.

Го подготвуваме белиот крем.
Желатинот го полеваме со 5 лажици ладна вода и го оставаме 10 мин. да набубри.
Слатката павлака со шеќерот во прав ја матиме во цврст крем.Ја додаваме киселата павлака и убаво мешаме да се изедначи смесата.Набубрениот желатин го ставаме на тивок оган да се растопи, втечни, но без да зоврие.Одма го додаваме во павлаките, постепено матејки со миксер.Треба да добиеме еднолична, глатка смеса.Ја излеваме врз подлогата и ставаме во фрижидер некои 15-20мин. малку да се стегни.

Го подготвуваме жолтиот крем.
Желатинот го пподготвуваме како и претходниот.
Тиквата која веќе ни е варена, ја чистиме од корупката и ја пасираме, миксираме заедно со шеќерот во прав и зачините во пире.Набубрениот желатин го растопуваме и одма го додаваме во пирето, миксирајки со миксер.Убаво изедначениот крем го нанесуваме над белиот крем.Повторно враќаме во фрижидер.

Ја подготвуваме чоколадната глазура, на тој начин што го топиме чоколадото заедно со павлаката, додека добиеме глатка, течна смеса.Ја тргаме од оган, нека здивни малку и полеваме врз жолтиот крем.Враќаме пак во фрижидер, додека убаво колачот се излади и стегни, најмалку 3 часа, а најдоро преку ноќ.

Уживајте во овој превкусен десерт со тиква!