Испечати

Тортици со крем од тиква (веган, посно, вегетаријанско)

Тортици со крем од тиква (веган, посно, вегетаријанско)

Состојки

  • За основа
  • 60 гр лешници и бадеми
  • 30 гр суво грозје
  • 30 гр брусница
  • 1-2 лажички вода
  • За крем
  • 230 гр пире од тиква
  • 20 гр какао путер
  • 50 гр кафеав шеќер
  • 1 лажичка шеќер во прав со мелен ѓумбир и портокал
  • 3 лажички оризово млеко во прав
  • 5 лажички вода
  • неколку капки екстракт од ванила
  • За посип
  • 50 гр ореви
  • За чоколаден крем
  • 1 лажица кокосово путер
  • 1 лажица агаве сируп или мед
  • 1 лажица какао во прав

Подготовка

За сите што сакаат вкусни и здрави десерти има безброј многу комбинации. Сега ќе ви прикажам една моја варијанта на крем тортички, која се надевам ќе ги израдува љубителите на тиква.

Подготовка
1. За основата сите состојки ги мелеме во сечко или во блендер. Основата ја ставам, распоредуваме и мазниме во поголемо тавче ако сакате мини торта или пак ја делиме на повеќе тортички.
2. Пирето од печената тиква заедно со сите состојки за крем го блендираме. Ја покриваме основата со кремот и ја оставаме неколку часа во фрижидер.
3. За чоколадниот крем на тивок оган го ставаме кокосовио путер и медот да се загреат, па на крај го ставаме какаото, па мешаме до соединување
4. Врз кремот од тиква посипуваме сечкани ореви и украсуваме со чоколадниот крем.

Забелешка
Тиквата ја делиме на пола, ги вадиме семките и ја печеме на 180 степени околу 45 минути. Ја ладиме, ја лупиме, мериме и го подготвуваме пирето.
Калапчињата во кои ги ставав тортичкиве всушност се модли за сечење тесто, ама еве им наоѓам и ваква примена. За да убаво ми се одвојуваат од дното, бидејќи основата е леплива ја користам делимано силиконската тава или пак можете да ставите хартија за печење.
Ако немате ваков шеќер со вкус, за во кремот, ставете посебно по ½ лажичка мелен сув ѓумбир и мелени аранчини.
Ако не постите и не сте вегани, во кремот можете да ставите путер околу 50 гр. наместо какао путерот. Какао путерот може да го стопите на многу тивок оган и да го ставиме во кремот. Јас го ставив нестопен ама мелењето го правев во нутрибулет, а тој совршемо го измазни кремот.