Колачиња со тиква и јаткасти плодови
Состојки
- За тесто
- 500 гр пире од тиква
- 200 гр брашно
- 2 лажици кафеав шеќер
- 1 лажичка цимет
- За полнење
- 50 гр микс од јаткасто овошје (ореви, лешници,бадеми)
- 50 гр сечкани јаткасти плодови
- 50 гр брусница
- 30 гр путер
- 70 гр шеќер во прав
- За валкање
- 50 гр чиа семе
- 50 гр сусам
Подготовка
Ова се мирисни и вкусни, сезонски колачиња, така да ако ви се допаѓаат по состав вреди да си ги направите.
Подготовка
1. Тиквата исечете ја на половина, извадете ги семките и печете ја на 180 степени околу 45 минути. Изладете ја отстранете и ја кората и изблендирајте ја или само испасирајте ја со вилушка. Соединете го шеќерот и циметот заедно со брашното во тиквата и формирајте топчиња.
2. За полнењето потпечете ги јаткастите плодови ставете го путерот да се стопи и на крај додадете го шеќерот во прав. Соединете ја смесата и полнете ги топчињата со по една лажичка од неа.
3. Затворете го топчето , валкајте го во чиа семе, афион или сусам и ставете го во намрсена тава.
4. Колачињава се печат на 180 степени околу 15 минути.
Излегуваат околу 25 колачиња.
Забелешка
Тамански благи ми беа колачињава, но ако сакате да ви бидат поблаги доставете шеќер во полнењето.
Формирањето е малку тешко зошто смесата е средно мека до мека, ама вреди да се направат. Можете и помалку брашно да ставите, зависи од брашното, а и од тоа колку е влажна тиквата. Јас точно мерев колку брашно ќе ми отиде за оваа доза.
Кога печам во делимано тавите не ги ни намрсувам, единствено некојпат за вкус, ако сакам тоа што го печам да биде покрцкаво.
Ако путерот го замените со какао путер веќе имате посни колачиња