Испечати

Кремаст десерт

Кремаст десерт

Состојки

  • За кора
  • 6 белки
  • прстофат сол
  • 125гр. шеќер
  • 2 кесички (по 10 гр) ванила
  • 1 лажица алкохолен оцет
  • 80гр. брашно
  • 1/2 кесичка пециво
  • 5 лажици масло
  • 100гр. крупно сецкани ореви (лешници)
  • За фил
  • 1 литар млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 2 кесички ванила
  • 3 пудинзи од лешник-премиум
  • 4 жолчки
  • 375гр. маргарин (путер)
  • 150 гр шеќер во прав
  • 200гр.бело чоколадо за готвење
  • 200гр. црно млечно чоколадо со лешници

Подготовка

Белките се матат во цврст снег, при што најпрво се додава солта, па шеќерот, ванилата, киселината. Кога шеќерот се стопил се додава брашното помешано со пецивото, мешајќи со миксер на најслабо, па на крај оревите и маслото.
Се излева во тава со пречник од 30 см., намрсена со маргарин и се печи во загреана рерна околу 25 мин. на 180 степени.

За филот го ставаме млекото (750мл.) да зоврие со шеќерот, а во остатокот ги раствораме пудинзите и ги додаваме 4 изматени жолчки. Ја додаваме смесата во зовриеното млеко и на умерен оган вариме со постојано мешање додека пудингот на ја добие потребната густина.
Веднаш го делиме на два дела и во едниот дел го додаваме белото, а во другиот црното чоколадо. Мешаме додека чоколадото се стопи. Оставаме да се излади, но не сосема, да биде млако, со повремени промешувања за да не се направи коричка.
Пенасто го матиме маргаринот со шеќерот во прав и по пола го додаваме во пудинзите.
Изладената кора ја филоваме со двата крема наизменично и украсуваме по желба.
И...уживаме во секој залак!