Посна торта со јаболка и цимет
Состојки
- 2,5кг јаболка
- 1кг бисквити
- 800 гр шеќер
- 3 паковки (по 40 гр) пудинг од ванила
- 1-2 лажици цимет
- 2 паковки (по 10 гр) ванилен шеќер
- 400 гр ореви мелени
Подготовка
Убав посен десерт кој може да ви послужи во следниве посни денови кои доаѓаат.
Според состојките кои ги прочитавте, сметајте дека имате прекрасен вкус, микс од прекрасните есенски јаболки и цимет.
Ајде сега да го споделиме рецептот.
Јаболките излупете ги и изрендајте ги на јадрата страна на рендето.
Во Делимано Делиција лонецот ставете го шеќерот и додајте вода само колку да го покрие шеќерот.
Оставете да врие 10 минути, а потоа додадете ги јаболката.
Варете уште 10 минути па додајте го циметот.
Додајте ги и ванилите
Во друг сад на страна разматете го пудингот во сосем малку вода, колку да се размати.
Кога е разматен пудингот постепено додавајте го во смесата со јаболките. Мешајте да си ја добие потребната густина. Кога е готово тргнете на страна.
Бисквитите редете ги во зависност од садот во кој ќе ја редите тортата. Јас ја наредив во поголем плех, па употребив 4 реда бисквит. Наредете го првиот ред, па посипете од врелиот фил. Врз филот ставете мелени ореви, па повторете ја постапката до крај додека имате фил. На крајот последниот слој распоредете го убаво на секаде, на сите страни да има,па попрскајте мелени ореви.Оставете нека излади и нека стегне филот, а потоа оформете коцки.
Забелешка
Тортата е убава откако ќе отстои една ноќ.
На здравје