Испечати

Млечен шејк со мака и тиква

Млечен шејк со мака и тиква

Состојки

  • 1 банана
  • 150 гр пире од тиква
  • 1 мала лажичка кафеав шеќер
  • 100 мл. млеко
  • 1 голема лажица мака во прав
  • 1/2 мала лажичка цимет

Подготовка

Енергија за целото утро.
Во блендер се ставаат сите состојки и се блендира и појадокот е готов.
Јас ставив темнокафеав шеќер, ако сакате може да ставите светло кафеав шеќер, мед или обичен бел шеќер, а ако е доволно слатко може и да не се додава засладувач.
Ако ставите засладувач што не обојува толку како темниот шеќер, ќе добиете по ,,тиквеста боја,, на шејкот.