Испечати

Тиква во Крем Бруле

Тиква во Крем Бруле

Состојки

  • 400 гр. тиква
  • 4 јајца
  • 500 мл млеко
  • 8 лажици шеќер
  • 1 или 2 ванили
  • за карамелот
  • 6 кажици шеќер

Подготовка

Десертот добро оладен е повеќе од добар

- Исчистенета и излупена тиква исечете на коцки, ставете ја во тавка нека се на сосема тивко потпечува односно да испари и да биде малку посува.

- Директно во модлата или тавка во која ќе го спремате десертот направете го карамелот така што ќе го ставите шеќерот, ставете во рерна и нека се стопи, внимавајте да не ви изгори. Извадете од рерната и нека олади - многу кратко трае целиот овој процес. Врз олаениот крем наредете ја тиквата.
- Со миксер добро изработете ги јајцата и шеќерот со ванилата. Додадете го во неколку наврата млекото. Залијте ја тиквата со оваа јајчена смеса, ставете во рерна да се печи на тивко на температура од околу 160 степени. Готово е кога на допир ќе осетите дека е цврсто.
- Извадете и нека олади, најдобро е да неколку часа престои во фрижидер, па дури тогаш ќе уживате.
Совет
- Ако правите во сад или модлите за Крем Бруле, огноотпорните, тогаш во ладна рерна ставете модлите во кои сте ставиле шеќер, нека се стопи, нека олади добро бидејки јајчената смеса е ладна (да не пукнат). Потоа овие модли се ставаат во сад во кој мора да ставите ладна вода, ставете во рерната и натаму исто. Откако добро се олади, само превртете на чинија во кој ќе служите. Карамелот кој веќе е стопен доаѓа одозгора и е како прелив на кремот.
- Ако печите во чинг или делимано садовите тогаш нема потреба кремот да го печете поставувајки го садот во друг сад со вода.
- Оваа доза кај мене е доволна за во огноотпорниот сад кој е со должина од 29 см., ширина 9 см. а длабочина од 6 см. и нормално го печев ставајки го во вода до половина од садот.
Драги пријателки, ако не бев јасна овде сега делејки ви совети прашајте, а до тогаш уживајте вистински.