Испечати

Американски палачинки со тиква

Американски палачинки со тиква

Состојки

  • 300 гр пире од печена тиква
  • 300 мл. млеко
  • 1 мала лажичка сок од лимон
  • 2 јајца
  • 175 гр брашно
  • 3 големи лажици кафеав шеќер
  • 1 мала лажичка пециво
  • 1/4 мало лажиче сода
  • 1/2 мала лажичка цимет
  • 1/4 мала лажичка мускатно оревче
  • Прстофат Сол и ѓумбир
  • Додатоци по желба

Подготовка

Во млекото се става сокот од лимонот, во друг сад се ставаат белките и се матат на снег со прстофат сол. На белките им се додаваат жолчките и се разматува за да се соединат, се додава млекото со лимонот, а потоа шеќерот. На смесата и се додава брашното, пецивото, содата, мускатното оревче, ѓумбирот и циметот. Сето се размешува да се соедини и на крајот се додава пирето од печена тиква. Смесата за палачинките е готова.
Во тавче на оган се става малку путер и се става од смесата по една кутлача (палачинките се оставаат подебели како американските).
Испечените палачинки се сервираат со солен карамел и малку фстаци или во комбинација по ваш избор.
Од снесата се добиваат околу 15 палачинки.