Испечати

Прилог од печена тиква со жалфија

Прилог од печена тиква со жалфија

Состојки

  • по ваш избор тиква или тиква Хокаидо
  • на вкус сол, бибер, маслиново масло, бибер, жалфија

Подготовка

Малку е необично, ама вкусно е...
- Зависно за колку лица ви е потребно, одредете си количината на тиквата. Не мора баш да е Хокаидо.  Исесечете ја, излупете, ставете во тавче во кое ќе се печи. Посипете со маслиново масло, посолете со сол и бибер, ставете неколку листови жалфија.
- Вклучете рерната на околу 160 степени и на тивко нека се печи.
Кога е печена извадете и нека е гарнир со спанаќ и ориз, само пире од спанаќ, добро е да има и малку пршута или печено мевце....

Јас денес ја имав како прилог кон спанаќ со ориз, си додадов и кисела павлака на тањирот, ми беше мнооогу вкусно.