Чоко тикоко
Состојки
- 180 мл кокосово млеко
- 100 гр бело чоколадо
- 200 гр пире од тиква
- 1-2 лажици шеќер
- 1 жолчка
- 1 пак. пудинг од чоколадо (долчела премиум)
- неколку чоколадни суви колачи (орео и сл.)
Подготовка
Ставете го кокосовото млеко со белото чоколадо издробено на коцки да се стопат и соединат. Потоа додадете го убаво изблендирано тиквеното пире и шеќерот. Шеќерот зависи од блажината на тиквата. Овде е користена мускатна и е со 1 полна лажица шеќер. Гответе на средна температура со постојано мешање околу 5 минути. Тргнете на страна и по 1 минута додадете ја разматената жолчка и енергично измешајте да се соедини. Вратете уште 2-3 минути на рингла за да се добие мазен крем.
Пудингот приперемете го спрема упатството на кесичката, колачите издробете ги.
Во мали чашиња ставете од издробените колачиња на дното, потоа од тиквеното пире и најгоре од пудингот со чоколадо. Редоследот не мора да е ваков, чинам спрема компактноста, повеќе би одговарало баш обратно или пак можи да правите повеќе наизменични слоеви. Но, како и да ги подредувате слоевите, вкусот е тој, одличен )))