Најубави домашни пецива за сендвичи
Состојки
- 20гр свеж кавасец
- 200мл млака вода
- 50мл млако млеко
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- 1/2 лажиче сок од лимон
- 400гр бело брашно
- за премачкување
- 1 јајце
- сусам, ленено семе, чурекот......
Подготовка
Преубави пецива, кои може да се користат за сендвичи, хамбургери, да се полнат по сопствена желба....меки како облачиња
Слободно може и да се замрзнат.
Прво во млаката вода се ставаат шеќерот и издробениот квасец.
Се промешува и нека одстојат 5 минути.
Потоа постепено се додаваат маслото, сокот од лимон, и половина од брашното.
Убаво сето се промешува со дрвена лажица. Се додава солта и остатокот од брашното. Се меси со раце се додека не се добие убаво мазно тесто.
Се остава покриено на топло и нека кисни 1 час.
Потоа се премесува нежно и се дели на 12-15 топчиња.
Се редат во ростер тава за печење.
Нека киснат околу 40 минути.
Потоа се премачкуваат со изматено јајце, се наросуваат со афион, сусам, лен.....
Се ставаат во загреана рерна на 250 степени, а после 2-3 минути се намалува рерната на 200 степени и се печат околу 20 минути.
Испечени се покриваат со чиста крпа се додека не оладат( ако може да се чека толку, ха, ха)