Испечати

Есенско кафе лате

Есенско кафе лате

Состојки

  • 100 мл кафе еспресо
  • 300 мл. млеко
  • 1 голема лажица пире од печена тиква
  • 1 голема лажица кафеав шеќер
  • 1/4 мало лажиче цимет
  • По желба слатка павлака

Подготовка

Во млекото се ставаат кафеавиот шеќер, циметот и пирето од печена тиква и се загрева додека да зоврие.
Откако ќе зоврие се додава на веќе приготвеното еспресо (може да се замени и со друго кафе без талог), по желба може да се додаде уште шеќер.
Слатката павлака се мати на пена и се додава на кафето.