Испечати

Мисиркини крила со ориз и зеленчук

Мисиркини крила со ориз и зеленчук

Состојки

  • 1.5 кг мисиркини крила
  • 350 гр ориз
  • 3-4 пиперки
  • 4 парчиња кромид
  • 3 домати
  • по вкус сол
  • За украс морков, маслинки и домати - по потреба.

Подготовка

Драги мои, оваа рецепта е моја инспирација од која домашните за време на ручек беа многу задоволни и изненадени од вкусот . Сакам и со вас да поделам со оваа рецепта и верувам дека и вие ке бидете задоволни во колку ја згответе и пробате!

Приготвување 

1. Крилата се варат до готовност, а кромидот се сецка и се пржи. Останатите зеленчуци се сецкаат и се стават во тавчето со оризот и кромидот, потоа се додаваат сварените крила и се посолуваат по вкус.
2. Во тавчето се додава чорбата од варените крила и убаво се промешува. Сето тоа се пече на 200 степени 30-40 минути.