Пај со тиква
Состојки
- 250 гр Spekulatius бисквити
- 100 гр путер
- 1-1,5 кг. тиква
- 200 -250 мл. млеко
- 70 гр шеќер
- 2 големи лажици брашно
- 1 јајце
- По желба зачин за божиќни бисквити
- Додаток
- 2 големи лажици маскарпоне
- 50 мл. слатка павлака
Подготовка
Тиквата се вари, потоа се пасира. Кон тиквата се додава шеќерот, млекото, брашното, јајцето и ако сакате малку зачин за божиќни бисквити. Од состојките се прави хомогена смеса.
Бисквитите се мелат и им се додава растопениот путер.
Бисквитите се ставаат на дното на садот за печење и се притискаат, за да се оформи кора, над бисквитите се додава смесата со тиквата и се печи во загреана фурна на 220 степени.
Павлаката се мати на снег и и се додава маскарпонето, така подготвениот крем се става врз оладениот пај.
Од пајот се добиваат 7-8 парчиња. Пајот е печен во калап за кекс 30 цм.