Есенски колач со тиква и крем сирење
Состојки
- темно тесто
- 3/4 чаша(200мл.)путер
- 1 чаша шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2 јајца
- 1/2 чаша брашно
- 1/2 чаша какао
- 1 лажичка цимет
- 50гр. мелени лешници
- прстофат сол
- 200гр.пире од тиква(доколку не е слатка додадете шеќер до посакуваната блажина)
- жолто тесто
- 180-200гр. крем сирење
- 1 јајце
- 1/2 чаша шеќер
- 2 лажици брашно
- 50гр. мелени лешници
- 1/2 чаша пире од тиква
- малку ванила екстракт,цимет
- 1 чоколадна шлаг крема
- 120гр. млеко за шлаг кремот
Подготовка
Мирис на есен со плодовите кое ова годишно време ни ги нуди се почуствува и во мојата кујна.Сите сме по дома љубители на тиква најчесто не ми останува за да ја употребам во торта, се јаде веднаш печена или варена.
Сочноста и мирисот на овој колач ги воодушеви моите домашни кои веќе напишав дека чоколадата мора да биде барем малку застапена.
Подготовка.
За темно тесто.
Рерната ја загреваме на 180степени. Силиконскиот калап или тавче со димензии 20*20 го премачкуваме со путер.Путерот омекнат го матиме заедно со шеќерот и екстрактот од ванила. Ги додаваме јајцата едно по едно. Посебно ги соединуваме брашното,какао,мелените лешници,цимет и сол и ги мешаме заедно со смесата со путер.
За жолто тесто.
Во посебен сад ги матиме со шпатула сите состојки за жолтото тесто.
Во силиконското тавче ја сипуваме темната смеса, премачкуваме со пире од тиква и на крај ја сипуваме жолтата смеса. Печеме половина час до 45мин. проверете со чепкалка дали тестото се лепи на неа или не. Доколку не се лепи исклучете ја рерната и оставете го колачот во неа уште 15мин. Извадете го и оставете убаво да се излади. Декорирајте со шлаг крема.
Забелешка
Во составот може да се стави било какво јаткасто овошје следниот пат ќе ставам и суво гројзе или урма.
Добар апетит!!!