Брзи кукис (колачиња)
Состојки
- 2 јајца
- 150гр. шеќер
- 1 прашак за пециво
- 1 ванилин шеќер
- 200гр. путер
- 400гр. брашно
- 200гр. чоколада(млечна,за готвење,бела или црна по желба)
- прстофат сол
Подготовка
Подготовка.
1. Чоколадата исецкајте ја на ситни коцки.
2. Брашното,прашокот за пециво и солта промешајте ја во посебен сад.
3. Путерот во посебен сад за матење предходно омекнат изматете го со шеќерот и ванилата. На крај додадете ги двете јајца повторно изматете ги додека не се соединат.
4. Додадете го брашното, чоколадата и замесете тесто кое ќе се одлепи од садот.
5. Формирајте топчиња, наредите во делимано тавата за печење.
Печете на 200степени 15 минути.
Забелешка
Доколку сакате може да ставите бела чоколада или некој зачин како што е цимет по желба.
Добар апетит!!!